-->
-->
Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада
-->

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог закон за изменување на законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка, побара координаторот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.
Врз основа на член 71, став 1 од Уставот на Република Македонија и членовите 132, 137 и 170, барам оваа точка да биде дополнета од една и единствена причина. Имено, со предлогот за изменување на законот за Владата на Република Македонија се тргаат одредбите кои се однесуваат на начинот на функционирање на владата, или т.н. Пржинска влада.
Сметаме дека оваа одредба и она што излезе од заедничките разговори на лидерската средба помеѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и она што се изјасни СДСМ дека Пржинската влада е нефункционална, а и од она што го имаме разговарано со другите политички субјекти, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата го поднесуваме овој предлог-закон од една и единствена причина да се скратат, односно да се вратат роковите за организација на избори, рокот да остане како што беше, рече Мицевски.

Тој додаде дека се работи за мали измени, односно бришење на одредени одредби од законот и очекува, бидејќи ова беше и претходно најавено, оваа точка да се најде на дневниот ред.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја