Мерц предлага „придружено членство“ за Украина во ЕУ

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната.
Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас.
Фридрих Мерц смета дека таквиот модел би можел да ги олесни тековните мировни преговори и да претставува безбедносна гаранција за Украина во војната со Русија.
Германскиот канцелар предложи и политичка обврска земјите-членки на Унијата да ја применуваат клаузулата за заемна помош кон Украина, што, според него, би придонело за безбедноста на цела Европа.
Украина моментално има статус на кандидат за членство во Европска Унија, но европски претставници оценуваат дека полноправното приклучување во следните неколку години е малку веројатно поради долгиот процес на реформи и потребата од ратификација во сите 27 земји-членки.
Предлогот на Фридрих Мерц предвидува и можност украински претставници да учествуваат во работата на Европска комисија и Европски парламент, но без право на одлучување.
Германскиот канцелар најави дека за иницијативата ќе разговара со европските лидери.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
