Мекалистер: Србија мора да ги исполни сите услови за членство во ЕУ

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Дејвид Мекалистер изјави дека со сите соговорници за време на дводневната посета на Белград, бил јасен дека на крај Србија ќе мора да ги исполни сите услови за членство во ЕУ, што значи и отворање и затворање на сите 35 поглавја.
мекалистер, во интервјуто за денешен „Блиц“, истакна дека сите 35 поглавја се важни, бидејќи сите критериуми мора да бидат исполнети.
- Кога е во прашање преговарачката рамка, посебно се земаат предвид поглавјата кои се однесуваат на владеењето на правото 23 и 24 од една страна, како и продолжување на ангажирање на Србија, преку чекори кон видливо и одржливо подобрување на односите со Косово, за што се преговара во поглавјето 35. Така што, мојата порака би била - продолжете натаму, само напред, порача тој.
Мекалистер го поздрави повикот на претседателот Александар Вучиќ за внатрешен дијалог за Косово.
- Би сакал да го охрабрам српското општество, политичарите, религиските претставници, цивилното општество, бизнис заедницата ... да влезат во дијалог и обид да пронајдат решение за нормализација на односите на Белград и Приштина на одржлива основа, истакна Мекалистер.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
