Меј ја обвини ЕУ дека се обидува да се меша во британските избори

Британската премиерка Тереза Меј ги обвини „европските политичари, ЕУ и медиумите во Европа“ дека и се закануваат на Велика Британија во обид да влијаат врз резултатот од претстојните парламентарни избори во земјата.
Меј изјави дека „бирократите во Брисел и некои во ЕУ“ посакуваат неуспех на преговорите за Брегзит.
Според британската премиерка, која се наоаѓа во екот на предизборната кампања, настаните од изминатите неколку дена покажале колку тешки и тврди ќе бидат преговорите за „британско-европското раздружување“.
Таа ги обвини, како што рече, „континенталните весници“ дека сосема погрешно ја претставуваат британската преговарачка позиција и тврди дека ЕУ ја „заострува својата позиција“ кон Велика Британија.
Според Меј, сето тоа се правело намерно пред предвремените избори од 8 јуни, за да се влијае врз резултатите.
Остриот напад врз ЕУ и Брисел и сериозните обвинувања, дури и за весниците, доаѓа и покрај неколкуте нејзини поранешни јавно изречени заложби за создавање конструктивна атмосфера пред почетокот на преговорите.
Тие беа реакција на некои неконтролирани изјави на оделни британски министри од редот на приврзаниците на Брегзит, како и на продолжената антиевропска еуфорија во дел од лондонските медиуми.
Во вторникот Меј во изјава за Би-Би-Си му се закани на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дека „ќе види колку страшна жена“ таа може да биде, откако некои германски медиуми објавија дека тој претходно рекол оти таа „живее во некоја друга галаксија“.
Ваквата реакција на Меј, дојде откако висок функционер на нејзината Конзервативна партија изјави дека и за Велика Британија и за ЕУ е подобро да се „спушти тензијата“ и да се смири острата реторика.
Уште пред сегашната изборна кампања, Меј и некои нејзини министри почнаа да создаваат атмосфера во британската јавност за тоа дека Брегзит ќе претставува успех за земјата.
Во Брисел, меѓутоа, таквото гледање на Лондон не се прифака затоа што се смета дека нема ништо успешно и за двете страни, кога една земја членка по 44 години заминува од ЕУ.
Засега нема јавни реакции за последниот остар напад на Меј врз ЕУ, но Би-Би-Си открива дека висок функционер на Унијата изјавил оти обвинувањата се во сферата на „чистата фантазија“.
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
