Меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2016“

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе биде отворен седмиот меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2016“, кој ќе трае до 13 март.
На натпреварот ќе учествуваат 65 натпреварувачи од земјава и 15 од странство. RoboMac 2016 вклучува низа работилници и предавања на кои учесниците ќе се запознаат со роботиката и најновите научни достигнувања.
Исто така, учесниците ќе го применат своето знаење врз вистински роботи, а своите решенија ќе ги претстават на Финалниот натпревар, кој ќе се одржи во сабота на 12 март во Домот на АРМ.
RoboMac 2016 година го организира студентскиот огранок на Македонската секција на Институтот за инженери од електротехника и електроника (ИЕЕЕ) и Студентскиот парламент на ФЕИТ, а домаќин е Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
