Медиуми: Уапсена поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора Весна Меденица
Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Подгорица, јавија подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Медиумите наведуваат дека Меденица е во просториите на Центарот за безбедност во Подгорица и дека во текот на денот ќе биде на распит во обвинителството.
Претходните денови подгоричкиот портал „Либертаспрес“ објави низа текстови во кои нејзиниот син Милош го поврзува со шверц на цигари и дрога. Порталот се повика на податоците кои Европол ги доставил до црногорската полиција и обвинителство.
Според објавените транскрипти од комуникацијата на апликацијата „Скај“ што ги објави подгоричкиот портал, Меденица наводно знаела за незаконските активности на нејзиниот син додека била претседател на Врховниот суд.
Според истиот извор и објавените транскрипти, Милош Меденица напишал дека може да очекува заштита од мајка си, а во декември минатата година ја напуштил Црна Гора.
Меденица 17 години беше на чело на Врховниот суд, до декември 2020 година кога поднесе оставка на функцијата.
Полицијата и обвинителството засега не се огласија за апсење на Меденица.
Ново на Сител
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
