МД „Илинден” е против промената на името
Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и огранок за Голо Брдо, преку соопштение, најостро се спротивставува на потпишување договор со Грција за промена на името на Република Македонија и идентитетот на македонската нација.
- Секоја промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација ќе го загрози идентитетот на Македонците во целиот свет, во соседните земји на Република Македонија и во Република Албанија. За жал, преговорите јасно покажаа дека Грција бара промена на македонскиот идентитет. Впрочем, власта и во Грција и во Бугарија недвосмислено кажаа дека Македонија може да влезе во Европската Унија, но не и „македонизмот“, стои во соопштението.
Токму затоа, се наведува понатаму, изразувајќи ја волјата на Македонците што живеат во Албанија, Друштвото отфрла било какви договори за името на Македонија, како матична држава на македонскиот народ, затоа што името на државата е идентитетот на нацијата, а името на националноста по автоматизам се определува од името на државата.
- Македонците во соседните држави на Република Македонија, го бранат своето права на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права, се нагласува во соопштението.
Бараме, се посочува во соопштението, од името на сите Македонци кои живеат во Албанија а не има над 120 илјади, да не се потпишува договорот со Грција за промена на името на државата и иденитетот на нацијата.
- Нашето име е Република Македонија и Македонци со векови и тоа бараме да се почитува, посочуваат од Македонско друштво „Илинден”
Ново на Сител
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
-

Опожарена шума, нерешени имотни односи и обвинувања за привилегии
-

Дефинитивно нема договор за една изборна единица, се кршат копјата за гласење на дијаспората
-

Тема на денот со Изет Меџити, копретседател на ВРЕДИ
-

Бенефит за граѓаните или интерес на локални моќници? Протест на жителите од Заполжани и Новоселани против изградба на пат
