Мбапе по својот 400. гол: Треба да постигнам уште толку

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ја достигна границата од 400 голови во својата кариера, но рече дека тоа не е доволно импресивно достигнување за љубителите на фудбалот.
Мбапе постигна 398 голови пред вчерашниот натпревар против Украина во мундијалските квалификации на кој напаѓачот на Реал Мадрид беше двоен стрелец во триумфот од 4-0.
„400 голови не импресионираат луѓе. Ако сакам да предизвикам восхит, морам да постигнам уште 400. Границата 1.000 голови на Роналдо? Тоа е нереално. Но, ајде да се стремиме кон нереалното; мора да се обидеме. Имаме само една кариера“, посочи Мбапе во изјава за РМЦ Спорт.
Мбапе досега постигна 55 голови за француската репрезентација, а на клупско ниво 62 за Реал Мадрид, 256 за ПСЖ и 27 голови за Монако.
Границата од 400 голови, Мбапе ја достигна на возраст од 26 години, една година помлад од Меси, а две од Роналдо, кога двајцата дојдоа до бројката од 400 голови во своите кариери.
МИА
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
