Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Бројот на умрените лица во 2025 година е 20 287 лица, што претставува зголемување од 0.4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10 498 се од машки пол наспроти 9 789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0.3 % на 100 умрени лица, покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика.
Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 002 се регистрирани во јануари, а најмалку 1 506 во април.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.2 година, односно 76.6 години кај лицата од женски пол или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Луѓето во земјава најмногу умираат од болести на циркулаторниот систем (34.0 %), неоплазмите (19.6 %), ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (6.5 %) и болести на респираторниот систем (3.7%).
МИА
Ново на Сител
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
