-->
-->
Маж во Велес со нож повредил сограѓанин
-->

Триесетгодишен маж синоќа во Велес со нож прободел свој сограѓанин во ходник во станбена зграда, при што му нанел повреди во пределот на градниот кош.
Во СВР - Велес вчера околу 22:05 часот било пријавено дека во ходникот во станбената зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.А. (30) од Велес со нож го прободел П.Н. (36).
Повредениот бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажаната лекарска помош бил препратен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје.
З.А. бил приведен и задржан во СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
