Мас: Германија подготвена да остане дипломатски во Кабул ако талибанците ги исполнат условите
Германија е подготвена да го продолжи дипломатското присуство во Авганистан доколку талибанците ги исполнат условите, изјави синоќа шефот на германската дипломатија Хајко Мас, пренесува Дојче веле.
– Сакаме да видиме инклузивна влада во Кабул, да ги почитува основните човекови права, правата на жените и Авганистан не смее да стане база за меѓународен тероризам, рече Мас. Тој потенцира дека доколку се исполнат овие услови и ако дозволат безбедносните услови, тогаш Германија е подготвена да го продолжи дипломатското присуство во таа земја.
Претходно и канцеларката Ангела Меркел изрази надеж дека талибанците ќе бидат подготвени да соработуваат. – Наша цел мора да биде зачувување на што е можно повеќе промени кои ги постигнавме во Авганистан во последните 20 години, рече Меркел во Бундестагот. – Талибанците се сега реалност во Авганистан. Тоа е горчлива реалност, но со тоа треба да се соочиме, оцени Меркел.
За разлика од повеќето земји кои ги затворија своите дипломатски преставништва во Кабул, Русија и Кина тоа не го направија.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
