-->
-->
Манчини под притисок од јавноста го „отстрани“ Балотели
-->

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели, по огромниот број на критики за неговата игра при 1:1 ремито со Полска во петокот, воопшто не е во составот на Роберто Манчини за дуелот на Италија против Португалија вечерва.
Името на напаѓачот на Ница не беше на списокот на 23 фудбалери кои се достапни на Манчини за дуелот на „Естадио да луж“ по големата дискусија во Италија дали Балотели воопшто беше физички подготвен за мечот со Полска. Тоа беше негов прв меч од сезоната по цело лето преговори за трансфер, кои завршија со негово останување во Ница.
Неговиот агент, Мино Рајола влезе во конфликт со поранешниот тренер на Милан, Ариго Саки, кој го критикуваше Балотели и посочи дека тој воопшто не треба да биде дел од италијанската репрезентација. На критиките се приклучи и поранешниот полски напаѓач Збигњев Бониек, кој изјави дека е непрофесионално таков фудбалер да биде дел од било кој состав.
„Негова вина е ако тој не е подготвен. Професионален фудбалер не смее да се покаже во таква форма, во која е бескорисен за сите“, изјави Бониек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
