Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал многу конструктивен разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп, за ситуацијата во Црвеното Море и војната во Украина.
На средбата одржана во Њујорк во рамки на годишната сесија на Генералното собрание на ОН, Трамп и Макрон разговарале конкретно за тоа како да се зголеми безбедноста на транспортот на нафта во Црвеното Море.
„Разговаравме и за потребата уште побрзо и порешително да им помогнеме на нашите украински пријатели со пресретнувачки ракети“, изјави францускиот претседател пред новинарите.
„Водевме многу плоден разговор. Тој беше исклучително конструктивен, имаше голема подготвеност за дијалог и успеавме детално да ги разгледаме овие два конфликта, кои очигледно се важни за мирот во светот и за нашата безбедност и кои имаат директно влијание врз куповната моќ на Французите“, истакна Макрон.
Средбата траела околу половина час.
Пред средбата Макрон вети дека ќе разговара „сосема отворено“ со Трамп за да се обиде да го „насочи кон вистинските одлуки“, особено во врска со Украина, соопштија негови соработници.
Целта на француската страна била пред сè да го убеди американскиот претседател „да продолжи со напорите за поддршка на Украина и да го засили притисокот врз Русија“.
МИА
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
