-->
-->
Макрон ја започнува тридневната посета на Германија
-->

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја започнува тридневната посета на Германија, што е прва посета на француски претседател на Берлин во последните 24 години.
Макрон ќе се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, со кого ќе посети неколку региони на Германија и ќе ги нагласи добрите и единствени односи меѓу двете земји, објавено е на веб-страницата на германскиот претседател.
Најавено е дека Макрон и Штајнмаер денеска прво ќе го посетат фестивалот на демократијата во Берлин за да ја одбележат 75-годишнината од германскиот основен закон и 35-годишнината од мирната револуција во 1989 година што доведе до повторно обединување на двете Германии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
