Македонско девојче отпеана и отсвирена од првиот музички бенд на деца со оштетен вид „Звучен бран”
За камерата на Ја сакам Македонија, песната Македонско девојче беше отпеана и отсвирена од децата и младинци со оштетен вид од училиштето „Димитар Влахов“ во Скопје кои формираа прв целосен музички бенд насловен како „Звучен бран“. Членовите на ротари клубовите „Скопје Север“ и „Скопје Исток“ ја остварија долгогодишната желба на учениците и на раководниот училиштен кадар да се оформи целосен музички бенд.
Во бендот има хармоника, бас- гитара, ритам-гитара, тапани и три солистки, има и дете што свири на пијано, кое во иднина би свирело на електричен инструмент, синтисајзер, клавијатури.
Иако се мали и едвај ги држат инструментите овие дечиња ги рушат бариерите. Идејата е првично да се соединат и да почувствуваат како звучат како бенд, а потоа да настапуваат на приредби, натпревари, па дури и како предгрупа на некој бенд, за на крај да функционираат и да егзистираат од музиката.
Песната Македонско девојче е прва на репертоарот која ја научија да ја изведуваат, а веќе размислуваат за следната. Радоста неможе да се сокрие, а овие дечиња блескаат на нивната мала, но голема сцена.
Со нетрпение ќе го очекуваме следниот настап на музичкиот бенд „Звучен бран“ затоа што можноста да се биде дел од нивната изведба нам ни претставува вистинско задоволство, односно уживање е да се слуша како овие дечиња пеат и свират.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
