Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено, 25:25 со Турција во 2. коло на Европското првенство 2024.
Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски лошо го отворија натпреварот и по 20-ина минути имаа негатива од пет голови (6:11). Сеапк, до паузата успеаја да надополнат два гола и резултатот по 30 минути беше 12:15.
Различна слика во вториот дел. Македонките со серија од седум последователни погодоци од 15:20 дојдоа во водство со 22:20. Во последните пет минути се влезе со 24:24. На една минута до крајот беше 25:25, Турција не го искористи нападот и двете селекции освоија по бод.
За најдобар играч на натпреварот е прогласена Сара Ристовска која со осум голови беше и најефикасната во двете репрезентации.
На другиот меч од 2. коло во А-групата, домаќинот Унгарија ја совлада Шведска со 32:25.
Унгарија е лидер на табелата со 4 бода, Шведска има 2, Турција и Македонија по 1
Ново на Сител
-

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
