Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024
Во Меркур-Шпил Арена во Дизелдорф вчера се одржа жрепката за составот на групите за Европското првенство за ракометари 2024 во Германија на кое ќе настапи и македонската репрезентација.
Македонските ракометари ќе играат во групата А заедно со Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.
Сите три натпревари од групната фаза македонските ракометари ќе ги играат во Берлин.
На ЕУРО2024 ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи.
Двете најдобро пласирани репрезентации во секоја група ќе се пласираат во вториот круг кој ќе се игра во Хамбург и Келн.
ЕУРО2024 ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 идната година во шест германски градови.
Состав на групите:
Група А – Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б – Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
Група Ц – Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д – Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е – Шведска, Холандија, БиХ, Грузија
Група Ф – Данска, Португалија, Чешка, Грција.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
