-->
-->
Македонските кошаркари против Словачка ги започнуваат квалификациите за ЕП 2021
-->

Со дуелот против Словачка кошаркарската репрезентација на Македонија, ќе го отвори предквалификацискиот циклус за Европското првенство што ќе се одржи во 2021 година.
По бројните откажувања и проблемите со повредените играчи, селекторот Јорданчо Давитков ќе се обиде со подмладен состав да извлече позитивен резултат од тешкото гостување.
„За овој претквалификациски циклус можам да кажам дека се може да се очекува. Составот е тој ако се изземат несреќните повреди на Чековски, Трајковски и најновата на Костоски. Репрезентацијата е подмладена со играчи кои ќе бидат идните лидери на оваа селекција. Словачка ни е сериозен противник. Немаме некој посебен психолошки притисок. Словачка во февруари треба да дојде во Скопје, притисокот повеќе е кај нив. Ние ќе се обидеме да изиграме и да го извадимте најдобро од нас“, изјави селекторот Давитков.
Дуелот меѓу Словачка и Македонија кој ќе се игра попладнево од 18 часот во градот Попрат, е првиот од А групата во која е и селекцијата на Швајцарија која в недела (26 ноември) ќе гостува во Скопје.
Љубителите на кошарката ќе може да го гледаат единствено на „YouTube“ каналот на ФИБА, бидејќи нема да има телевизиски пренос во Македонија
Во другите две групи ќе играат:
Б група: Албанија – Ерменија. Слободна е Данска.
Ц група: Кипар – Португалија, Слободен е Луксембург .
Пласман во главната фаза ќе обезбедат победниците во трите групи, како и најдобро второ рангираната селекција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
