Македонскиот балетан Марко Мицов бележи успеси на сцената во САД

Македонскиот млад балетски уметник Марко Мицов беше дел од трупата на познатата Баланшинова примабалерина, Гелси Кирклен, како и во Атлантик сити балетот. Тој во овие трупи ги исполни насловните ролји во балетот „Оревокршачка“, „Сон на летната ноќ“, „Карневал во Венеција“ и др. На почетокот на годината како гостин настапуваше во улогата на Дон Хозе во балетот „Каремн“ во Гинсвил балет во Вашингтон.
Мицов веќе шеста година како ја гради својата танчерска кариера во САД. Од пред еден месец тој настапува за трупата на Сан Антонио во Тексас. Артистички директор на трупата од неодамна е Вили Шивес, кој беше првенец на трупата на Џофри балетот, како и националните трупи на Минесота, Питсбург, Милвоки... Шивес е овластен претставник за кореографската оставнина на Ентони Тудор, како и за делата на Џералд Арпино и на Роберт Џофри Фондацијата. Неговиот прв деби како раководител на трупата се одржа на 8 и 9 април во Тобин центарот за перформативни уметности во Сан Антонио. На оваа изведба на Мицов му беше доделена задачата да биде дел од претставата „Tribute“ во кореографија на Фредерик Франклин.
Марко Мицов со првенката на компанијата Сали Туркел ги толкуваа главните ролји во балетот. Медиумите мошне позитивно го оценија целокупниот настан, каде што Мицов беше пофален за својата извонредна игра. Мицов беше на страниците на престижниот Њујорк тајмс со исклучително пофални зборови за неговата игра во балетот „Оревокршачка“.
Мицов своето образование го стекна во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ кај професорката Соња Здравкова-Џепароска.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
