Македонија се искачи четири места на Легатум индексот за просперитет

Македонија се искачи четири места на индексот на просперитет на британскиот институт Легатум, и се пласираше на 65 место во светот. Со овој рејтинг, Македонија е зад Бугарија (51 место) и Грција (49 место) во регионот, а е пред Србија (73-та), Албанија (83) и Босна (86).
Индексот на просперитет на Легатум ги мери податоците на 142 држави и ги подредува во неколку категории - економски просперитет, претприемништво и можности за напредување, владеење, образование, здравство, безбедност, лични слободи и општествен капитал. Македонија е најдобро пласирана во категоријата здравство, каде е пласирана на 50-то место во светот. Оваа категорија ги оценуваат резулатите во лекувањето на граѓаните, здравствената инфраструктура и превентивната нега. Високи се оценките и во категориите претприемништво и можност за напредување, каде Македонија е на 57 место, и безбедност - каде е 58-ма. Во овие категории се оценуваат отвореноста на водење бизнис, еднаквиот пристап до можности за успех и националната и личната безбедност.
Најлоши се оценките во областа општествен капитал, каде сме 96-ти во светот и во економијата, каде сме 86-ти. Категоријата општествен капитал ги оценува општествената кохезија и локалните и семејните врски, додека економската категорија се однесува на макроекономските политики, основите за економски раст и ефикасноста на финансискиот систем.
Индексот е подготвен во соработка со професори и научници од Лондонската Економска Школа, Универзитетот Тафс, институтот Брукингс и други меѓународни институции и се објавува од 2008 година. На врвот на листата се Норвешка, Швајцарија, Данска, Нов Зеланд и Шведска, додена на дното на листата се Централно Африканската Република, Авганистан, Хаити, Чад и Бурунди.
Ново на Сител
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
