Мајкл Фалон: Британската одбрана е врзана за САД, а не за ЕУ

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон изјави дека одбраната на Велика Британија е врзана за САД, а не за ЕУ, отфрлајќи ја улогата на Унијата во силите на НАТО.
Во изјава објавена на интернет страницата на британското Министерство за одбрана, Фалон, кој себе си се претставува како „убеден евроскептик“, нагласува дека одбранбената улога на Велика Британија е надвор од ЕУ.
Изјавата на Фалон беше објавена во врска со посетата на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, кој престојуваше во Лондон во петокот, и набрзо откако британската премиерка Тереза Меј и формално ја покрена постапката за излез на Велика Британија од ЕУ.
Целта на ваквата изјава, според лондонските медиуми, е „да се глорифицира Брегзит“ и да се увери британската јавност, дека Велика Британија нема ништо да загуби во одбранбениот сектор со напуштањето на Унијата.
- Нашата одбранбена поврзаност со САД е без преседан и таа ќе се засили по излегувањето на Унијата, тврди Фалон, нагласувајќи дека во новата ситуација Велика Британија уште повеќе ќе ја зголеми својата глобална одбранбена улога.
Уште пред референдумот за ЕУ, Велка Британија беше една од најострите противници за создавањето на т.н. „европска војска“, односно на сили за брза интервенција на Унијата.
Позицијата на официјален Лондон е дека „европските сили“ би му наштетиле на НАТО, затоа што би дошло до „непотребно удвојување на капацитетите и на ингеренциите“, затоа што најголемиот број земји членки на Алијансата се и членки на ЕУ.
Британски безбедносни експерти проценуваат дека Велика Британија стравува оти по Брегзит, а со посебни сили на ЕУ во кои ќе ги нема Британците, земјата ќе се најде целосно изолирана од Европа.
По повлекувањето од Унијата, НАТО, како безбедносна и политичка организација, ќе остане единствената врска на Велика Британија со европскиот континент.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
