-->
-->
Мајка си го оставила своето бебе во болница, а 20 години подоцна дознала...
-->

На параолимписките игри во Лондон 2012 година цел свет зборуваше за 20 годишната Американка Џесика Лонг, која освои пет златни и две сребрени медали.
Таа засега е најуспешната пливачка на параолимписките игри. Но, она низ што поминала во детството е вистински ноќен кошмар. Џесика не е родена во САД, туку во Русија во село среде Сибир. Родителите и го дале името Татиана, но не сакале да и подарат дом.

Девојчето е родено со ретко пореметување, поради што и недостасуваа дел од нозете. Лекарите им кажале дека е невозможно да оди, па одлучиле да ја дадат на посвојување. Првата година од животот девојчето ја минало во сиропиталиште на Сибир каде немало пари дури ни за пелени на децата. Тогаш се јавил американската двојка Бет и Стевен Лонг кои отпатувале до Русија за да ја посвојат.

19 години подоцна, кога цел свет зборуваше за „сирената“, Џесика сакала да дознае се за своите биолошки родители. Рано дознала дека е посвоена, но отсекогаш сметала дека нејзините родители се мртви. Стапила во контакт со руските власти и дознала дека нејзините биолошки родители се живи. Веднаш сакала да ги запознае луѓето кои и подариле живот. Мајката на девојката скоро да паднала во несвест кога дознала што се случило со нејзината ќерка и дека станала голема спортска ѕвезда. Иако Џесика не го разбира рускиот јазик и се заблагодарила на мајка си што ја донела на овој свет.


-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
-

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
