-->
-->
ЛШ:Првата битка за Атлетико
-->

Атлетико Мадрид го совлада Баерн Минхен со 1:0, во полуфиналето во Лигата на шампионите. Дуелот на „Винсенте Калдерон“ го реши Саул Нигез во 11.минута.
Пеп Гвардиола реши да се коцка во Мадрид и веројатно тој негов хазардески потег го одведе во пораз, иако Баерн во второто полувреме пропушти можност да остане непоразен.
Баерн мечот го започна без Милер и Рибери кои добија шанса во второто полувреме. Без Милер како партнер во нападот дефанзивците на Атлетико лесно го изолираа Левандовски.
Атлетико подобро влезе во мечот, Торез и Гризман го тестираа Нојер во првите шест минути.
По само 11.минути игра се случи решавчкиот момент, Саул Нигез тргна во вистински слалом, нанижа тројца играчи на Баерн, влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада Нојер.
Очекувано Баерн го имаше поседот на топката, но во првото полувреме анемочно делуваа нападите на Баварците.
Гризман можеше да ја зголеми предноста на Атлетико по половина час, тој влезе во шеснасетникот на Баерн, се обиде да ја префрли топката на посилната лева нога, Хави Мартинез влезе во блок, па ударот успеа да го одбрани голманот на Баерн.
Германскиот шампион сосема поинаку изгледаше во вториот дел, со сите сили тргна напред, Алаба во 54.минута испрати виситнски прокетил од 30 метри, но ударот заврши во гредата.
Две минути подоцна по корнерот на Алонсо, Хави Мартинез беше осамен во петерецот но Облак го одбрани неговиот обид.
Словенецот бше сигурен и по обидот на Артуро Видал во 67.минута.
Атлетико на 20-тима минути до крајот за момент успеа да дојде до здив, да се ослободи од притисокот, а во 75.минута стативата го спаси Нојер.
Гризман и Торес креираа опасен контранапад, Французинот успеа да ја изнесе топката од својата половина, во вистински момент го проигра Торез, овој се ослободи од Алаба упати удар со надоверешниот дел од стапалото, но за негова несреќа ја погоди само стативата. Во продолжение на акцијата се обиде Коке но неговиот удар лесно го одбрани германскиот репрезентативен голман.
Инаку еден од јунаците на Атлетико голманот Облак го одигра својот 23-ти натпревар сезонава на кој не прими гол.
Реваншот во Минхен, по кој ќе биде познат патникот во Милано ќе се одигра наредниот вторник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
