-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар гостува кај Савехоф
-->

Женскиот ракометен шампион на Македонија ЖРК Вардар вечерва од 19 часот го игра последниот натпревар од групата 2. „Вардарки“ гостуваат кај шведската екипа савехоф која се наоѓа на последното место во групата. ЖРК Вардар веќе има обезбедено пласман во четвртфиналето и со победа вечерва ќе има можност да атакува на втората позиција во групата под услов Ѓер да загуби на гостувањето во Букурешт. Шанса (теоретска) постои и за првото место, но треба европскиот првак Будуќност да загуби дома од М итјиланд. Овие два дуела се играат во недела.
Инаку, потенцијални ривали на ЖРК Вардар во четвртфиналето се: Ларвик, ФТЦ и Баја Маре, екипи кои се наоѓаат од 2 до 4.место во групата 1.
Во оваа група во последното 10.коло играат: ФТЦ - Баја Маре, Турингер - Ростов Дон и Флери - Ларвик.
Табела група 1: Ростов Дон 17 бодови, Ларвик 10, Баја Маре 10, ФТЦ 10, Флери 6, Турингер 1.
Табела група 2: Будуќност 13, Ѓер 13, ЖРК Вардар 12, Букурешт 9, Митјиланд 5, Савехоф 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
-

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
-

Од следната недела значително намалување на цените на бензините - очекува Мицкоски
