-->
-->
ЛШ: Металург немаше сили против Монпеље
-->

Ракометарите на Металург го забележаа четвртиот пораз во групата Ц од Лигата на шампионите прв на домашен терен откако синоќа во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од поранешниот европски првак Монпеље со 24.30.
По стартното водство од 3:1 за гостите Металург со серија од 3-0 поведе со 4:3 и потоа дваесетина минути резултатот најчесто беше нерешен. Во финишот на првиот дел по неколкуте грешки на играчите на Металург во нападот, Монпеље постигна лесни голови и на полувремето водеше со 14:10.
На почетокот на вториот дел гостите само ја зголемија разликата и во 40.минута имаа водство од 20:13. Во продолжение следуваше серијата на Металург од 9-2 за 24:22 за гостите.
Најефикасни беа кај Металург Немања Обрадовиќ со 10 голови и Матју Гребил кај Монпеље исто така со 10 голови.
На вториот натпревар од групата Ц одигран вечерва Чеховски Медведи – Татран Прешов 28:29.
Табела: Монпеље 8 бодови, Ла Риоха 7, Татран 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Металург 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
