-->
-->
ЛОИ: Југославија повторно меѓу велесилите во екипните спортови
-->

Поранешна СФРЈ Југославија беше спортска велесила и доминираше во екипните спортови пред самото свое распаѓање. И денеска светот жали што тогашната генерација кошаркари предводена од Дражен Петровиќ и Владе Дивац не ги одмери силите со Дрим – тимот на САД на големо натпреварување.
Фудбалската репрезентација предводена од Ивица Осим од политички причини не успеа да настапи на Европското првенство во Шведска на кое влезе Данска и излезе како европски првак. Многу медали се освоени во ракомет, ватерполо но и одбојка.....
Тој спортски дух на Југословените за среќа не запира и по формирањето на новите држави а тоа се потврдува и на ЛОИ во Бразил.
Веќе е сигурно дека во ватерполо златниот медал ќе патува на Балканот. Дилемата е само дали тоа ќе биде Србија или Хрватска кои обезбедија пласман во финалето. Доминацијата на екс-ју републиките ја потврди Црна Гора која ќе се бора со Италија за бронзениот медал.
На кошаркарскиот турнир Србија ќе игра полуфинале со Австралија додека женската репрезентација на оваа земја во Одбојка веќе избори финале со Кина на одбојкарскиот турнир.
На турнирот во ракомет Хрватска и Словенија стигнаа до ¼ финалето што секако е успех иако од Хрватска повеќе се очекуваше.
Најголемо разочарување сепак е фудбалот бидејќи ниту една селекција од екс-Југославија не се најде на игрите во Рио.
А каде е тука Македонија. За жал на дното . Ние заедно со БиХ немаме селекција која би не претставувала во екипните спортови. Досега од осамостојувањето до денес немаме таков успех. Последни се обидоа ракометарите но за жал не успеаја да бидат првата наша селекција која се нашла на олимписките игри. Штета а ќе беше тоа голем импулс за македонскиот спорт и пред се олимпизмот кој е во голема криза во Македонија бидејќи ниту еден наш спортист немаше достоен резултат за настап на овие игри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
