Лицата со попреченост излегуваат на протест во вторник

И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА!!!
Заложба за достигнување воедначен развој на целата територија на Македонија;Создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што промовираат интеракција меѓу децата, лицата и нивните семејства со попреченост.Персоналните Асистенти и Негователите во секојдневниот живот,а со цел овозможување постојан и непречен пристап на фокусот за СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ, согласно КОНВЕНЦИЈАТА НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП НА ОН од Уставот на Македонија член 118 :
Пристап до сите Општини, здравствени установи, училишта, министерства, центри за социјална работа и друго во Републиката,
Заложба за понатамошен развој и подигнување на степенот за изедначување на правата во законска пракса, согласно член 118 од Уставот на РМ согласно член 28 од КПЛХ на ОН – ПРАВО НА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ
ДРАГИ СОГРАЃАНИ, ПРИЈАТЕЛИ, КОМШИИ, РОДНИНИ, СПОРТИСТИ, ПРОФЕСОРИ, ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ, ПОЛИТИЧКИ ГРУПАЦИИ БЕЗ РАЗЛИКА НА ВЕРСКА, ЕТНИЧКА, ПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ:

Дали некогаш сте се обиделе да влезете во чевлите на другите, да влезете во нивната кожа и да искусите еден ден од нивниот живот.
Како млади лидери, со различна попреченост, млади кои навистина ги познаваат и ги живеат вредностите и потребите на општеството
-ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И НИВНИТЕ ПЕРСОНАЛНИ АСИСТЕНТИ И НЕГОВАТЕЛИ ВЕ ПОВИКУВААТ :
На ден 15.10. 2024 во 15 и 30 часот пред Собрание на Македонија да маршираме сите заедно до Влада на Македонија каде ќе се одржи протест-настан, при што на истиот ќе ги истакнеме нашите барања за СОЦИЈАЛНА ПРАВДА И ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ согласно член 118 од Уставот на РМ како и персоналните асистенти и негователите на лицата со попреченост кои требаше да ги добијат надоместоците.
О Б Р А З ЛО Ж Е Н И Е
Не заборавија една категорија дека И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА!!! Лица со попреченост, кои и тоа како се зависни од таквите компензациони права, иако знаеме дека тие компензациони права не можат на нив да им ги вратат очите, рацете или нозете.
Целта на протестот-настанот е подигнување на свеста ЗА животот на децата и лицата со попреченост и нивна поголема СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ,
Настан под слоганот И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА! кој ќе ве мотивира и Вие да бидете активни чинители за рамноправност
Овој настан е продукт на иницијативата која е дел од - НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ-Коалицијата Менуваме, кој ќе придонесе да помогнете заедно да бидеме чекор поблиску до општество без граници
Коалиција Менуваме
Ново на Сител
-

Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
