Летаат казни и откази во МВР!!

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Т.Џ (41)-полициски службеник во Надворешната канцеларија за кривични работи „Југ“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 1 и Д.Н. (37) полициски службеник во Надворешната канцеларија за кривични работи Гевгелија поради постоење основи на сомнени за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, врз основа на претходно сознание за можна инволвираност на полициски службеници од Регионалниот центар за граничен реон „Југ“ и канцеларијата во Гевгелија во инкриминирани активности околу издавање потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, презема активности за докажување и документирање на настанот.
Од извршените проверки од страна на СВКПС, констатирано е дека на 1 јули 2015 година, по претходен договор со првопријавениот, второпријавениот обезбедил документи издадени од Република Грција на сиријски државјани кои влегле во Република Македонија и од нив побарал да платат по 15 евра по лице за да им посредува за издавање потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
По ова, второпријавениот документите издадени од Грција ги дал на првопријавениот со цел тој да изготви потврди за лицата наведени во документите. Откако ќе ги изготвел потврдите, требало да ги предаде на второпријавениот кој за возврат од сириските државјани ќе добиел по 15 евра од лице.
По преземени мерки од полициски службеници, пријавените биле спречени во натамошните активности и од првопријавениот, одземени се петнаесетте документи издадени од грчките власти за што е известен и консултиран Јавниот обвинител и врз основа на издадена наредба полициските службеници се задржани во Полициската станица во Гевгелија.
По доставената кривична пријава до Основното јавни обвинителство Гевгелија од страна на судија во претходна постапка на полициските службеници им е изготвено Решение со кое им е одредена мерка домашен притвор во времетраење од осум дена.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
