-->
-->
Леброн Џејмс најдобар стрелец во плеј офот
-->

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс по 11 години од своето деби во плеј оф натпреварите во НБА лигата стана најдобар стрелец. На ноќешниот дуел против Бостон во финишот на третиот период постигна кош и со бројката на поени го мина првиот на листата на стрелци во плеј офот Мајкл Џордан.
Џејмс има постигнато 5.989 поени , а Џордан кој сега се наоѓа на второто место 5.987. На третата позиција е Карим Абдул Џабар со 5.762.
Џејмс до овој скор поени стигна со 212 одиграни натпревари, а Џордан по 179.
Играчот на Кливленд Џејмс е трет и по бројот на асистенции во пост-сезоната зад Меџик Џонсон и Џон Стоктон, а се наоѓа и на втората позиција по украдени топки зад Скоти Пипен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
