Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, не ја гледа Европската Унија како соодветен партнер за преговори за завршување на војната во Украина, јавуваат светските агенции.
Во текст објавен од руското Министерство за надворешни работи, Лавров навел дека вистинската цел на европските лидери не е преговарање со Русија, туку поддршка на украинското раководство.
„Целта е да се поддржи режимот (на украинскиот претседател Володимир Зеленски) и да се зачува како отскочна штица за продолжување на конфликтот со Русија“, се наведува во изјавата.
Претставник на Европската Унија потврдил дека во последните недели имало кратки дипломатски контакти насочени кон воспоставување комуникациски канали со Москва, но без суштински преговори.
Во својот текст, Лавров оценил и дека „обединета Европа се уште сонува за проширување“, особено на НАТО и ЕУ кон руските граници, додавајќи дека со Европа не може да се води дијалог како со неутрален набљудувач.
Тој исто така предупредил на можни реципрочни нуклеарни удари со „катастрофални последици“ во случај на директен конфликт меѓу Русија и НАТО.
Односите меѓу Москва и Брисел се сериозно нарушени од руската анексија на делови од Украина во 2014 година, а практично замрзнати по воената интервенција во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
