Крводарителска акција со граничната полиција во Делчево
Припадниците на делчевската гранична полиција денеска даруваа крв во Делчево. Акцијата, како што информираа од Општинската организација на Црвен крст, е дел од редовните акции кои трипати годишно се реализираат со делчевската гранична служба и полицијата.
– Во рамки на акцијата која се одржа во салата на Регионалниот центар за гранични работи – Исток делчевските граничари и полицајци подарија 26 крвни единици. Благодарност до сите припадници на МВР кои даруваа крв, истакнаа од Црвен крст Делчево.
Оттаму информираа дека следната акција со граѓаните во Делчево е планирана за наредната недела.
– Акцијата со хуманите граѓани на Делчево ќе се одржи на 10 октомври. Истата ќе се реализира во просториите на Општинската организација на Црвен крст со почеток во 10 часот за што упатуваме повик сите кои имаат желба да даруваат да се приклучат на истата, додадоа од Црвен Крст Делчево.
Денешната крводарителска акција се реализираше согласно протоколите за заштита од вирусот Ковид-19.
Ново на Сител
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
