Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

По повод празникот Голема Богородица, Општинската организација на Црвен крст-Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина денеска ја организираат 13. крводарителска акција. Акцијата се одржува од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.
Валентина Колевска, секретар на општинска организација на Црвен крст-Центар информира дека до 9:30 часот има заведено 40 дарители, а се присутни од 70 до 80 дарители, од сите возрасти.
Таа потенцира дека веќе 13 години, околу 150 крводарители постојано се приклучуваат на акцијата. Има се повеќе млади луѓе, првократни дарители.
- Секогаш летниот период е проблематичен за обезбедување крвни единици. Токму затоа ова акција се користи за надоплнување на резервите што се потребни во летниот период, рече Колевска.
Додаде дека секоја година се јавуваат се повеќе крводарители. Лани на акцијата се приклучиле повеќе од 350 граѓани, од кои 286 дарувале крв.
Таа изрази надеж дека скопјани и сите посетители на главниот град ќе даруваат крв.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
