-->
-->
Крвава тепачка во Куманово
-->

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М. (38), Б.Т. (32) и М.Б. (31), сите од Куманово вработени во агенција за обезбедување, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 26 декември минатата година, пријавените вршеле обезбедување на ноќен бар во Куманово. Околу 10 минути по полноќ В.Ј. (40), З.С. (44), А.А. (39) и З.С. (41), сите од Куманово, се обиделе да влезат во ноќниот бар но не биле пуштени од страна на пријавените. По ова настанала вербална расправија, а потоа биле и физички нападнати од страна на пријавените кои им нанеле телесни повреди на З.С. и В.Ј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година
-

Американскиот министер за финансии изјави дека војната со Иран влегува во „завршна фаза“
-

Почна судењето против Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
-

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
-

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
-

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
