Кривична пријава за стружанец за производство на дрога и тргување со оружје

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против А.Б. (27) од село Велешта поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори‘‘ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 02.05.2015 при претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени неколку помали најлонски пакувања со опојна дрога кокаин, семенски материјал од растението „канабис сатива“ како и неколку куршуми од различен калибар. Во една од собите во семејната куќа пронајдена е првата најлонска паковка со наркотична дрога кокаин и еден куршум калибар 6,35 милиметри од југословенско потекло. Во кујната е пронајдена втората најлонска паковка наркотична дрога кокаин и еден куршум калибар 9 милиметри од чехословачко производство како и една хартиена кутија со семе од „канабис сатива“.
Најлонска паковка со помала доза кокаин, полициските службеници ја пронашле во возило „Даихатсу“ со скопски регистарски ознаки кое било паркирано во дворот од куќата.
При претрес во возило марка „Ауди 80“ без регистарски ознаки оставено на плац за половни возила, пронајдени се два куршума калибар 7,62 милиметри од кинеско и еден куршум калибар 7,65 милиметри од чехословечко производство.Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Ново на Сител
-

Високи температури деновиве, надлежните советуваат да се почитуваат мерките за заштита од горештини
-

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час
-

До 07:30 часот утрово регистрирани 29 пожари на отворено, два се активни
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела надмина шест илјади
-

Пожарите во Вашингтон уништија најмалку 700 објекти, евакуирани се 64.000 луѓе
-

Коалиција на 25 американски сојузни држави со тужба против новите царини на Трамп
-

Продолжува топлотниот бран: Температурите ќе достигнат 40 степени
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
