Кривична пријава за двајца скопјани поради приредување игри на среќа без лиценца

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „приредување игри на среќа без лиценца-дозвола од надлежен орган“ и „злоупотреба на лични податоци“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против М.Н.(34) и Б.М.(32) двајцата од Скопје.
Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот М.Н. во периодот од декември 2015 година до мај минатата година, во посебно уреден деловен објект на улицата „11-ти Септември“ во Кичево, неовластено организирал и приредувал игри на среќа во спортска обложувалница која работела под логото „Еуро Лото“. Тој работел без да поседува лиценца од Министерството за финансии, што било констатирано при извршен инспекциски надзор од Управата за јавни приходи-Регионална дирекција-Тетово во содејство со полициски службеници од Кичево.
На 20-ти мај минатата година, второпријавениот Б.М. во својство на помлад инспектор од Управата за јавни приходи Регионална дирекција Скопје, при вршење на надворешна контрола во уплатно-исплатно место на спортска обложувалница која работела под логото „Еуро Лото“, внесол невистинити податоци во записник за извршен инспекциски надзор. Тој, во записникот, но и во останатите службени исправи запишал дека во моментот на контролата, во обложувалницата го затекнал лицето А.Ш. од Струга како одговорно лице, иако тој воопшто не бил присутен. Потоа, ги заверил со свој потпис и ги употребил во Управата за јавни приходи Скопје како вистинити.
Од страна на службените лица од УЈП-Регионална дирекција Тетово, донесено е решение за времена забрана за приредување на игри на среќа во деловните простории во траење од 30 дена, глоба во износ од 1.000 евра во денарска против вредност и одземање на паричните средства и техничката опрема, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Ново на Сител
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
