Кривичен суд: Вработениот во судската писара е негативен на вирусот
Основниот кривичен суд Скопје, во однос на информациите објавени на некои портали и профили на социјалните мрежи од 01.06.2020 год. дека вработен во судската писара е позитивен на вирусот КОВИД – 19, ја информираме јавноста дека посочениот колега веднаш беше упатен на тестирање и по добиените резултатит истиот е НЕГАТИВЕН НА ВИРУСОТ, за што до управата на судот е доставен и резултатот од тестирањето.
Како суд апелираме до медиумите и сите останати субјекти кои лиферуваат информации на порталите и социјалните мрежи за судот, да ги проверуваат информациите пред нивно објавување. Судот се залага за транспарентно и отчетно работење и има одлечна соработка со поголем дел од медиумите.
Но, потребно е да се напомене дека секоја непроверена и неточна информација освен што наштетува на угледот на институцијата може негативно да се одрази и на некои недолжни колеги или граѓани како во овој случај.
Досега неколку пати ја информиравме јавноста дека како суд строго се придржуваме до препораките за заштита од вирусот. Судниците и судските простории редовно се дезинфицираат, на вработените и странките кои влегува во судот им се мери температурата со безконтактни уреди, секој е должен да носи заштитна маска и ракавици, се одржува растојание на присутните во судниците, канцелариите и писарниците, а сите вработени кои се хронично болни, самохрани родители или чуваат дете помало од 10 години се ослободени од работа.
До овој момент ниту еден вработен не пријавил дека имал котакт со заболен и дека му е дадена препорака за самоизолација, а доколку некој пријави дека е позитивен на вирусот судот ќе ги преземе сите мерки согласно напатствијата на здравствените власти.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
