Кралицата не смее да се навредува

УЕФА го казни шкотскиот клуб Селтик со 15.000 евра откако нивните навивачи објавија банер со навреди за британското кралско семејство по смртта на кралицата Елизабета Втора на мечот со Шахтјор Доњецк.
Мечот во Варшава се оддржа една недела по смртта на кралицата, и навивачите на Селтик, во мнозинство шкотски и ирски католици имаа две пораки – една со пцост за кралсото семејство и една со порака „Жал ни е за загубата, Мајкл Фаган“, што беше саркастичен коментар за човекот кој во 1982 година влезе во спалната на кралицата пред да биде однесен од обезбедувањето. УЕФА оценува дека пораките „не биле прикладни за спортско натпреварување“.
Севилја, пак, се казнети со 5.000 евра и им е наредено да им ја исплатат штетата на Манчестер сити, откако нивните навивачи го скршија прозорецот на тимскиот автобус. Иста казна добија и Борусија Дортмунд за мечот со Манчестер сити.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
