-->
-->
Кожув славеше убедлива победа над Левски
-->

Екипата на Кожув забележа победа над бугарскиот тим Левски во натпревар од регионалната кошаркарска Балканска лига
Од првиот триумф во четвртфиналната фаза, Кожув стигна пред домашната публика во Гевгелија, каде вечерва во дуелот од 3.коло на Д групата ја победи екипата на Левски со 99:72.
Дури петмина кошаркари на Кожув средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најистакнат поединец беше Александар Радовиќ кој оствари дабл-дабл учинок од 27 поени и 10 скокови. По 13 поени постигнаа Владимир Брчков и Стојан Ѓуровски, а со еден помалку (12) средбата ја завршија, Александар Штерјов и Иван Тодоровиќ.
Во рамките на оваа група утре ќе играат, Сигал Приштина и Пеќ, додека попладнево се одигра дуелот од Ц групата меѓу Берое и Башкими кој заврши со победа на домаќините од 90:80.
Табела – Д група: Сигал Приштина 2-0 (победи-порази), Кожув 1-2, Левски 1-2 и Пеќ 1-1.
Табела – Ц група: Теодо 3-0 (победи-порази), Морнар 1-2, Берое 2-1 и Башкими 0-3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
