Ковид-19: Словачка е земја со најголем број смртни случаи на 100.000 жители
Словачка стана земја со најголем број на смртни случаи во однос на бројот на жители, по последното зголемување на заразени со новите варијанти на коронавирусот.
И покрај строгите ограничувачки мерки во претходните седум дена, бројот на смртни случаи на 100.000 жители скокна од 1,68 на 1,78, покажаа денешните податоци на Универзитетот Џон Хопкинс.
Португалија беше на врвот на листата повеќе од три недели, па падна на второто место со 1,48 смртни случаи на 100 000 жители.
– Најзначајниот фактор што спречи да падне бројот на нови случаи во Словачка е високата циркулација на новата варијанта на вирусот, откриена во Велика Британија, изјави словачкиот епидемиолог Марек Мајдан. Претходно овој месец, Владата соопшти дека многу заразната мутација на коронавирусот, првпат откриена во Велика Британија стана доминантна во Словачка, со дури 74 проценти од новите случаи.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
