Ковачки: Ковачевски и Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз

Ковачевски и Славјанка Петровска ја оставија војската без леб, вода и превоз (!)
Договорите за набавка на леб и вода за војската се истечени, а во меѓувреме нови не се склучени.
Како ќе го надминат проблемот со недостаток на леб? Од МО прават обиди досегашниот доставувач на леб да продолжи да врши достава иако рокот во договорот е веќе е истечен (!?).
Инаку, без организиран превоз останаа и војниците на релациите Скопје-Велес; Пробиштип-Скопје; Куманово-Штип; Битола-Прилеп-Велес; Струмица-Петровец; Делчево, Берово - Штип; но тоа веќе стана нормална состојба - the new normal.
Министерот г-ѓа Славјанка Петровска е должна да и' одговори на македонската јавност кој и зошто дозволил да се стигне до оваа состојба и зошто пред месец или два не склучени нови договори за леб, вода и превоз. Дали конечно некој ќе понесе одговорност?
Овој однос кон војската е недозволив.
Во 21 век да се гордеете дека сте членка на НАТО, а притоа да си ја оставите сопствената војска без леб и вода, не е ништо друго, туку негрижа и неспособност.
Ова е срамот, бедата и јадот по кој ќе биде запаметена оваа антидржавна нелегитимна гарнитура на власт.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
