Ковачки: Демолирањето на возилото на портпаролката Митева нема да не спречи да ги објавуваме скандалите на ДУИ И СДС

„Случајот со демолирање на автомобилот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ не е поврзано со уставните измени туку со обелоденувањето на криминалот, кој што ние како политичка партија секојдневно го обелоденуваме. А, посебно нашата портпаролка, и другите наши портпароли, нашите пратеници ги изнесуваат криминалите скоро секојдневно поврзани со Демократската унија за интеграција, а пред се и за Социјалдемократскиот сојуз како нивен извршител односно нивен измеќар во Владата на Република Македонија“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Ковачки додаде дека она што се случи со автомобилот на портпаролката е порака, но таа порака доаѓа од немоќ, од страв. А, сето тоа е доказ и потврда дека од власта се свесни дека доаѓа крајот, се свесни дека после крајот доаѓа и одговорност и дека пардон нема да има.
„Ние нема да престанеме со објавување на скандали туку напротив дополнително ќе продолжиме да ги изложуваме сите скандали во јавноста. И ќе бараме одговорност за овие скандали. Ќе бараме надлежните институции да постапуваат по скандалите кои што ги објавуваме, по криминалите кои што секојдневно ни се случуваат. Срамота е во една држава толку скандали да има, имаме хиперинфлација на скандали секојдневно за криминали и корупција, а да немаме никакво процесуирање. И сето тоа со непроцесуирањето на овие скандали кои што ги објавуваме секојдневно се должи на тоа што системот е корумпиран од МВР преку ЈО до судството, а сето тоа е под капата на ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз“, рече Ковачки.
Тој посочи дека и покрупните скандали немаат разрешница за жал, сето тоа се заташкува од страна на институциите. Но, доаѓа време кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и тогаш сите ќе одговараат пред словото на правдата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
