Ковачевски за Водици: Да се обединиме во стремежите за мир и просперитет

Премиерот Димитар Ковачевски денеска упати писмо во кое го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици на поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на МПЦ – ОА и на сите верници кои денеска го чествуваат празникот.
-Симболиката на вековното празнување на Богојавление – Водици во Црквата и во народната традиција, што потсетува на Исусовото крштевање во реката Јордан, има длабоко и суштинско значење, бидејќи упатува на обновата како на неминовен дел од духовниот развој на личноста, но и на заедницата, стои во писмото од Ковачевски.
Според премиерот, денеска заедничко добро е да се осигура мирот и да се обезбедат егзистенцијата и просперитетот со разбирањето, грижата едни за други и со заедничка поддршка на развојот. Како предизвик и обврска на секој совесен човек, како што наведува, и повикани сме сите кон оваа цел да ги вложиме и обединиме нашите стремежи.
-Нека е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление – Водици, напиша премиерот Ковачевски во писмото до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
