-->
-->
Кошаркарите во нова проверка на силите
-->

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра петтиот контролен дуел во рамките на подготовките за Евробаскетот. Во Каунас Македонија за ривал го има домаќинот Литванија во рамки на "Huawei Cup".
Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот.
Во првиот денешен натпревар ќе играат Турција и Хрватска.
Инаку, турнирот почна вчера со натпреварот меѓу Литванија - Турција 86:74, а откако Хрватска го откажа дуелот со Македонија избранизите на селекторот Марјан Србиновски имаа слободен ден, т.е. останаа без планираниот натпревар.
Утре нашата репрезентација во терминот од 15:45 часот ќе игра против Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
