Координација во Собранието за утрешната конститутивна седница

Во Собранието на Република Македонија во пресрет на утрешната конститутивна седница на новиот состав денеска се одржа координација на претседателот на Парламентот во заминување Трајко Вељаноски со претставници на партиите кои ќе имаат свои пратеници.
СДСМ смета дека Вељаноски не треба да ја води седницата на Парламентот, иако тоа е превидено со Деловникот за работа на Собранието. Коалицијата предводена од СДСМ на средбата ја претставуваше Оливер Спасовски смета дека најстариот пратеник треба да претседава со седницата.
- Се поставија прашањата што ако Трајко Велјановски денеска не е пратеник, може од дома да го донесат за да претседава со конститутивната седница. Ова се нашите принципиелни забелешки коишто ги искажав на таа работна средба. Одредбите од Деловникот се многу јасни-најстариот пратеник треба да претседава со седницата на Собранието, рече Спасовски.
Тоа, според него, покажува уште еднаш, како и на кој начин планира ВМРО-ДПМНЕ да ја води утрешната седница. - Меѓутоа очигледно е и покрај волјата на граѓаните и покрај искажувањата на ставот дека мора промени да се случат едноставно не се свесни дека промените треба да започнат токму на таа прва седница од конституирањето на Собранието, ако ништо друго промени во начинот на однесувањето, рече Спасовски.
Претставникот на Беса Африм Гаши рече дека се треба да оди според Законот и според Деловникот. - Не мислам дека е многу битно сега кој ќе ја води првата седница. Ние сме заинтересирани за целиот процес како ќе тече натаму. Мислам дека не треба да се крева многу врева за тоа кој ќе ја води првата седница. Начелно разговаравме за организацијата, протоколот..., рече Гаши.
На средбата кај Вељљаноски присуствувале Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски од СДСМ, Талат Џафери од ДУИ, Африм Гаши од БЕСА и Весел Мемети од Алијансата на Албанците, претставник на ДПА немало.
Конститутивната седница на Парламентот е закажана за утре во 13 часот.
Ново на Сител
-

ВЕЛИЧЕНСТВЕН ДЕН ВО ПАРИЗ: Осветен новиот иконостас и фрескопис во храмот „Св. Кирил и Методиј“
-

Мисајловски: Нашите македонски војници работат согласно највисоките НАТО стандарди
-

Сиљановска-Давкова од Криволак. Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми, тие треба да важат за сите
-

Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот
-

Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки
-

Јане Ченто: Пресудата за „27 април“ е донесена врз основа на монтирана постапка со притисоци врз сведоци
-

Мерц: САД се „понижени“ од Иран, веројатно нема крај на конфликтот
-

Кривична пријава за дебрани кои преку измама за наводно лекување на болно дете противправно се стекнале со 3.300 евра
