Конкурс за стипендии во средното училиште „Нова“

Меѓународното училиште „Нова“ и фондацијата „Борис Трајковски“ го распишуваат годинашниот конкурс за доделување три целосни стипендии за четиригодишно школување во оваа образовна институција.
Пријавувањето на конкурсот почнува на утре, ќе трае до 10 март 2016 година, а е отворен за сите ученици од деветто одделение. Стипендиите се доделуваат 11. година по ред.
Кандидатите се пријавуваат со поднесување електронска апликација преку интернет страницата на „Нова“. Селекцијата на кандидатите се врши преку тестирања по англиски јазик и математика, и напишан есеј на зададена тема. Најдобро пласираните дваесет и пет кандидати ќе треба да поминат дополнително тестирање, додека шест од нив ќе имаат и интервју пред стручна комисија.
Тројцата стипендисти, освен што ќе добијат целосни стипендии за школувањето во „Нова“, ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни соработки и настани. Преку овие можности тие ќе се надградат со цел да ја претставуваат мисијата и визијата на училиштето, фондацијата, но и својата држава.
Програмата за стипендирање почна во 2005 година, досега ја завршија осум генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
