Конкурс на ДПМ за доделување на наградата „Даница Ручигај“

Друштввото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-член на ДПМ.
Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од мај 2017 до крајот на април годинава. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во четири примероци најдоцна до 30 април.
Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото во јуни. Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките во ДПМ кој го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај.
Одлуката за формирање на Клубот беше донесена по повод 80-годишнината од раѓањето на Даница Ручигај која животот трагично го загуби на 29-годишна возраст во скопскиот земјотрес.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
