-->
-->
Коњаниците тргнуваат за Крушево
-->

Коњаниците од Горно Лисиче денеска попладне, од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, ќе го започнат „Илинденскиот марш 2015“ кој ќе заврши на 2 август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме, со што официјално стартува 37-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
Коњаниците придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.
Пред испраќањето на коњаниците од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево. Пред испраќањето на илинденците ќе се организира музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.
Во испраќањето на коњаниците кон Крушево, ќе се вклучи и Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
-

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2"
