Конференција „Жените во надворешната политика“
Дводневна конференција „Жените во надворешната политика“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, а под покровителство на првата дама на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.
Како што соопшти МНР, во фокусот на конференцијата ќе биде унапредувањето на позицијата на жените како во надворешната политика, така и во сите други процеси на донесување одлуки во државава.
На конференцијата, воведно обраќање ќе има министерот за надворешни работи Бујар Османи.
На дводневниот форум, според организаторите, предвидено е да се обратат и премиерот Зоран Заев, поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт, евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, шефицата на шведската дипломатија Ан Линде, Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, британската амбасадорка Рејчел Галовеј…
Конференцијата ќе служи како платформа за размена на мислења меѓу високо рангирани политичари и дипломати од регионот и жени-амбасадорки, учесници од други европски и вон-европски земји, учесници од меѓународни и регионални организации како ОН, ЕУ, НАТО, Советот на Европа, ОБСЕ, Советот за Регионална Соработка, почесни конзули, реномирани фигури од академијата, бизнисот, медиумите, цивилното општество и младинските организации, се додава во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
