-->
-->
Конечно спасено: Девојче од своето раѓање живеело во багажник од автомобил
-->

Француската јавност била шокирана откако дознала за веста која откри дека прегладнето и дехидрирано девојче од своето раѓање живеело во багажник на автомобил.
Во соопштението на француската полиција било наведено дека, девојчето на возраст од 15 до 23 месеци било пронајдено од автомеханичари.
Имено, откако нејзината мајка ја однела колата на поправка, еден од механичарите слушнал чудни звуци од задниот дел на автомобилот. Кога го отвориле багажникот го виделе девојчето кое било голо и лежело во сопствениот измет. Таа била дехидрирана и имала температура.
Веднаш потоа ја однеле во болница, каде докторите констатирале дека има заостанат раст и психички проблеми.
После ова откритие, полицијата ја уапсила нејзината мајка (45) и нејзиниот сопруг (40), кои се обвинети за злоставување на малолетно лице.
Доколку бидат прогласени за криви, им се заканува казна од најмногу 10 годин изатвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
