Концертот на Погорелиќ на „Охридско лето" распродаден за два дена

Голем интерес за концертот на славниот пијанист Иво Погорелиќ кој на 25 овој месец ќе настапи во црквата Света Софија во рамките на „Охридско лето". Неговиот настап беше распродаден за само два дена по објавувањето на програмата. Од Дирекцијата на Фестивалот велат дека се бара решение, сите заинтересирани да можат да бидат дел од овој настан.
Според селекторката на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова-Неделковска, очекувано било програмата да побуди таков интерес кај публиката бидејќи станува збор за атрактивни светски уметници.
- Високиот рејтинг на фестивалот обврзува на еден многу сериозен, одговорен и професионален пристап кон изборот на уметниците и ансамблите, а тоа значи квалитетни и ексклузивни имиња од светската музичка сцена. Нашите заложби се фестивалот да има квалитетна и атрактивна програма во текот на сите 40 фестивалски дена. Од успешноста на изборот на програмата, зависи и реномето на фестивалот, кое според домашната, но и странска стручна критика, последниве години оди во нагорна линија, вели Јосифова-Неделковска.
Од „Охридско лето“ истакнуваат дека голем е бројот на гости од странство кои специјално најавиле дека ќе дојдат во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации има од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција. Раководството на Фестивалот најави дека сепак ќе биде овозможено сите заинтересирани да го следат концертот на легендарниот пијанист Иво Погорелиќ.
Ново на Сител
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
